МК Репрезентација - Сезона 10
Forum index >> Makedonija >> МК Репрезентација - Сезона 10 Goto page : 1, 2
 
Posted on 2013-04-17 22:29:54   
wolfstrix
Posts: 84
PELISTER BITOLA wrote:

Токму затоа и искоментирав, затоа што не води она стандардното од типот ДА БЕВ ЈАС ..... ама не оди тоа така, во првата сезона успеав да ја внесам репрезентацијата на големо натпреварување, потоа во вториот мандат не успеав, а во третиот се случуваа нелогичности во дуелите со Латвија со играв со истата тактика како и Унгарците, ама не ни успеа ..... тогаш прочитав дека не сме знаеле да водиме репрезентација, па за овај циклус кога се пријавив за селектор гласот го дадов токму за сегашниот селектор со желба да видам дали ќе ми ја затни муцката и ќе си ги добие утакмиците. За жал неможи и тоа е тоа !!!



Значи гледам дека упорно се обидуваш да ме оцрниш... Еве ќе ти покажам зошто го критикував претходниот менаџер(незнам дали беше ти или кој било). Прво: Сигурен сум дека никогаш не си ја видел сликава (http://s24.postimg.org/wndnb6uc5/teamhb.png) што се наоѓа во менито помош. Ќе ти ги кажувам само одбранбените формации на противниците (ме мрзи да ги читам настаните од секој натпревар за да видам како играле во напад) Латвија ги играше сите натпревари со 5-1, ама селекторот како недоволно информиран не играше со вкрстување против таа формација, истата ситуација и со Унгарија и тие играа со 5-1 на сите натпревари.. Австралига играше со 6-0 против нас што (ако видиш во табелата) е ранлива ако противникот игра со Скок Шут.
Второ: Види ги оценките на играчите (http://s8.postimg.org/52bgia0cl/teamhb2.png) што играле со претходниот менаџер против аутсајтерот австралија (последни на ранк листата) и види ги оценките на играчите (http://postimg.org/image/juuttxt9n/) што ја ги поставив против вториот носител во групата Португалија. Слободно можеш да видиш и со какви играчи располага Португалија. Значи само една утакмица изиграв и им погодив на сите играчи каде би давале најдобри резултати (освен десното крило Андреј Апостолоски за кого веќе имам алтернатива) и нормално не можев да предвидам дека ќе игра со 3-2-1 во одбрана и играј на пикер во напад, а доколку знаев ќе играв со 4-2 одбрана и играј на пикер во напад што сигурно би имало поинаков тек натпреварот... А за играчите и нема голем избор.. сигурен сум дека 6 од 7 играчи што играа на последната утакмица се најдобрите што ги имаме, така што место за експирименти има само на десно крило.
И трето: кажуваш како да сме испаднале од групата иако има одиграно само 1 натпревар. Да ти кажам искрено посакував прво коло да играме против најдобриот зошто тешко е да се предвиди кој како ќе игра... одсега па натаму ќе биде многу полесно, барем се надевам...
Trpeski wrote:

Срамота што е ова со Исланд 35-35, Исланд е 10 места под нас... Изгубивме и од Словачка таа е на 25 место... СРАМОТА! За тие што не знаат ние сме на 13 место... Ме интересира на крај за колку места ќе паднеме поради вакви селектори...

Сега сме 18ти а во гупата има 2 репрезентации кои се подобри од нас за разлика од минатиот циклус.. а ти очекуваш да завршиме први на табелата со 6 победи.
Значи со ништо не можеш ниту мене ниту самиот себеси да се убедиш дека претходниот менаџер беше подобар од мене (незнам дали беше ти), ама едно сум сигурен дека појќе вложив труд од него!

Posted on 2013-04-18 10:05:14   
PELISTER BITOLA
Posts: 10
Trpeski wrote:

И од мене доби глас за да бидеш селектор, јас не те критикував тебе ниту еднаш, кога го правев тоа критиките ги упатив кон martinbt. А што треба да значи ова ,,тоа е тоа'', откажување??? Јас не мислам така, нема предавање, ќе успееме ама сите заедно, на тој начин што го напишав во претходниот одговор!!! Не дека сум задоволен од сегашниот селектор, т.е админот ама залудно е да се критикува. Самите го избравме, а и прави онака како што смета дека е нај правилно. Не греши ни он, не грешеше ни ти додека беше, игравте одлично, со одлилни формации и тактики за разлика од martinbt. Сега останува само да градиме МЛАДИ МАКЕДОНСКИ ТАЛЕНТИ, тие ни се нај потребни!!!

Трпески, не се однесува на тебе муабетот пријателе, ти сосема коректно си ги оценуваш работите ....

Posted on 2013-04-18 10:08:52   
PELISTER BITOLA
Posts: 10
Постовано од 30.01.2013 11:40:28
wolfstrix


Македонија не се натпреварува на Светско првенство! СРАМОТА!! Што се пријавуваат менаџерите кога не знаат да наместат тим и формација за да пројдат група а не па да остварат некаков поголем успех!
ова е коментарот кој предизвика негодување од мене ..... наместо да даде конструктивна идеја, да дај предлог како да се одигра, најмудриот од сите знае само да искритикува .... епа не оди тоа така ..... еве ти шанса и искористи ја, а не да се вадиш дека сме биле 18 дека сметргнувале од трет шешир и слично ......

Posted on 2013-04-18 17:21:59   
wolfstrix
Posts: 84
Секако дека ќе пробам да ја искористам шансата само ти кажувам дека ќе биде многу потешко кога играш против 2 подобри репрезентации!

Posted on 2013-04-19 16:11:23   
wolfstrix
Posts: 84
Тешко, многу тешко.. уште ако се земе во предвид какви играчи има Швајцарија Нереално се наоѓаат 26ти на ранг листата, па според тоа беа избрани за 4-ти носители во групата.. не заслуживме да имаме толку тешка група

Posted on 2013-05-14 21:38:37   
Taleski
Posts: 20
Кога ќе отворите во селекцијата на нашата репрезентација и кога ќе погледнете во податоците за изиграните натпревари (конкретно за последниот), и за наредните што следуваат дали ви излегува пред името на нашата репрезентација знамето на Македонија или на Романија како што е случајот кај мене! Ако е така како кај мене го молам дечкото кој што е македонски администратор да реагира веднаш! Благодарам

Posted on 2013-05-15 11:56:56   
Trpeski
Posts: 27
Нека се реагира на ова што побрзо, нашето сонце е прекриено од ружниве бои на Романија...

Posted on 2013-05-15 13:42:02   
wolfstrix
Posts: 84
Кога се прави ждрепка за Квалификации за СП секогаш знамињата се испомешани, сега само нашето е сменето со романското, сигурно е некаков баг не веруам дека намерно е направено.. ќе испратам порака до главните администратори да видиме што е проблемот..

Posted on 2013-06-07 21:05:45   
wolfstrix
Posts: 84
Готово, заврши и овој циклус полошо од сите очекувања, да не речам катастрофално. Се посветив максимално на репрезентацијата, ги анализирав напаѓачките и одбранбените формации на сите противници и сметам дека ја поставував најдобрата формација за секој натпревар. Сепак противниците беа пресилни. Кога ме избраа за селектор (претходно не сум бил на репрезентацијата) видов како функционира додавање и отстранување играчи од селекцијата, не не знаев дека е ограничено, дека максимум што можеш да додадеш е 18, па така дури и да ги отстраниш сите играчи од репрезентацијата нема да можеш да повикаш 19ти играч. Тоа е мој совет за да внимаваат следните менаџери затоа што јас нема да се кандидирам на следните избори. Исто така следниот менаџер би требало да ги земе во предвид следните играчи (мислам дека тоа е најдоброто што го имаме) http://i.imgur.com/VlA9Wx6.png.
Исто така би сакал да напоменам дека е добро да продолжат да се тренираат формациите што започнале да ги тренираат претходните менаџери http://i.imgur.com/KTYQyL9.png, така што во секое време би имале по 4 формации на располагање целта е сите 4 формации да бидат истренирани до 100%.
Се надевам дека наредниот циклус ќе имаме полесни противници и ќе се пласираме на следното светско првенство. Со среќа на сите менаџери!
Forum index >> Makedonija >> МК Репрезентација - Сезона 10 Goto page : 1, 2